Тој е генерација со катастрофалниот земпјотрес кој го погоди Скопје. Игор Џамбазов е роден на 15 јули 1963 година, единаесет дена пред страшната несреќа која ја погоди Скопје. Неговите родители Анче и Александар Џамбазови живееле во центарот на градот, во околината каде што денеска се наоѓа познатото скопско кафуле Мистер Џек.

Џамбазов во едно интервју за Република се присети на приказната која ја раскажувале неговите родители:

– Непосредно пред земјотресот јас сум заплакал. Станале моите родители и ме земале во раце. Тогаш настанал потресот. Татко ми за да ме спаси скокнал од прозор и ги повредил нозете. Моето креветче било затрупано под рушевините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.