Движењето за чист воздух утре во 12:05 часот пред вратата на депонијата „Дрисла“ ќе одржи 15-минутна блокада.
Според нив, „Дрисла“ е потенцијално најголемиот емитер на диоксид и на фурани. Бараат да се промени Правилникот за извршување инспекциски надзор, усогласувајќи го со ЕУ нормативи (диоксини, формалдехиди, фурани). Во најбрз можен рок да се донесат правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.
Движењето за чист воздух информира дека даваат рок од 15 дена за исполнување на нивните барања. Во случај на неисполнување на барањата, најавуваат блокирање на Град Скопје и поднесување тужба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.