Две жени во скопската населба Ново Лисиче биле нападнати од кучиња скитници.

Полицијата извести дека вчера во полициската станица Аеродром, М.Е.Г.(63) од Скопје пријавила дека во 10.30 часот на улицата „Тоше Проевски“ во Скопје била касната од куче скитник за десната нога.

Час и половина подоцна, во истата полициска станица Х.Д.(26) од Скопје пријавила дека на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Скопје била касната од куче скитник за левата рака.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.