Две машки бебиња се родени после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Во два часот по полноќ родено е и едно женско бебе. Првороденото бебе е второ дете на 35-годишната мајка Бојана Миланова. Тешко е 3.650 грама и долго 51 сантиметар.

Само неколку секунди по првото бебе, родено е второто машко бебе тешко 3.350 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е 33-годишната Габриела Ѓошевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.