Две деца од скопски градинки завршиле во собите за изолација поради зголемена температура. За среќа, од скопскиот Центар за јавно здравје велат дека било лажен аларм и немале Ковид-19, пренесува Сител телевизија.
Примената на алгоритмот за сомнителен случај резултирал со негативен корона тест. За разлика од детските установи, епидемиолозите предупредуваат дека последната недела е зголемен бројот на позитивни случаи во државата како последица на журките, летните одмори и концертите.
Последната недела за 20 проценти е зголемен бројот на позитивни случаи. Тоа секако е последица на концерти во Хераклеа, журки во Струмица, враќањето од летни одмори од Албанија, таа е високо ризична земја. Гледајте, Грција добро се држеше но сега има големо зголемување на заразени, вели др. Александар Стојанов директор на Центар за јавно здравје Скопје.
Доктор Стојанов вели дека не може да предвидат дали ќе има тренд на зголемување на бројот на заразени во месеците што доаѓаат. Како член на Комисијата за заразни болести најтешка им била одлуката за отворање на градинките и училиштата, но смета дека некој ризик мора да се преземе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.