Две одделенија од ОУ „Лазо Трповски” од општина Карпош се ставени во изолација откако вчера било потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на ковид-19. Во изолација се и три наставнички кои предавале во одделенијата, објави „Слободен печат“.
Вчера околу 11 часот ни беше кажано дека во одделението на син ми има дете позитивно на ковид-19. Сега сите сме во самоизолација заедно со едната наставничка, додека другата бидејќи немала директен контакт со детето, не е во изолација, вели мајката, која не крие дека се плаши за здравјето на сопственото дете и апелира да се размисли за можноста сите деца да следат он лајн настава, изјави мајка на првооделенец која од вчера е во самоизолација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.