Двајца скопјани во текот на вчерашниот ден се пожалиле дека биле нападнати од улични кучиња. Според билтенот на МВР синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Аеродром, Л.С.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Васко Карангелевски“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Три часа претходно во Полициската станица Карпош T.Б.(60) од Скопје пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.