Дваесет килограми расипадно месо го засмрде Дебар Маало, а непријатна миризба се ширела на улицата „Дебарца“, пишува „Вечер“.

Првиот човек на Инспекторатот, Мирослав Богдановски, вели дека станува збор за за 20 килограми расипано месо кое било во фрижидер за длабоко замрзнување и од него се ширело непријатна миризба.

Фрижидерот беше поставен во шупа до одредена куќа. Се расипал моторот на фрижидерот, па додека сопственикот тоа го забележал и го отворил веќе било доцна. Месото се расипало и од него била предизвикана смрдеата – изјави Богдановски за „Вечер“.

Богдановски информираше дека Инспекторат веднаш дошол на лице место и презел мерки за отстранување на садот каде било депонирано месото. Целата улица и околината била исчистена со цистерна, а за секој случај била повикана и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Била проверувана и канализационата мрежа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.