Жителите на улицата „Лазар Димитров“ во скопската населба 11 Октомври се  заложници на Општина Кисела Вода. Во писмото кое го испратија до редакцијата велат дека луѓето живеат како заробеници во своите домови повеќе од два месеци.

Пред повеќе од два месеци Општина Кисела Вода одлучила да ја раскопа улицата „Лазар Димитров“ во населбата 11 Октомври, со цел повторно да ја асфалтира (бидејќи години наназад била руинирана).

dav

Процесот на работа одеше многу споро. На терен работниците доаѓаа само по 5 часови на ден. Во неколку наврати по 10тина денови воопшто не се работеше на улицата кон нејзина комплетна санација. Во меѓувреме, Водовод и Канализација агилно и навремено ги завршија интервенциите во нивен домен.

И еве по повеќе од два месеци, како што можете да се уверите и на фотографиите, граѓаните од Кисела Вода живеат во заложништво на општината. Ниту едно од семејствата, не е во можност да влезе со својот автомобил до своите домови, станува збор за повеќе од 50тина куќи, а што е уште позастрашувачки, во случај на ненадеен пожар, противпожарно возило нема да биде во можност да се пробие, уште помалку амбулатно возило во случај на итна помош. На оваа улица живеат и повозрасни луѓе, кои не можат да се пробијат ниту до најблискиот маркет. Луѓето живеат како заробеници во своите домови повеќе од два месеци.

Па затоа прашуваме, има ли Кисела Вода градоначалник?!, велат во писмото жителите на населбата 11 Октомври.

dav

Според неофицијални информации на жителите од улицата „Лазар Димитров“ општината наводно во меѓувреме го потрошила буџетот на асфалтирање други улици, па затоа не може да ја финализира оваа улица.

Го прашуваме градоначалникот Филип Темелковски – Зошто тогаш воопшто се нафатија да ја демолираат и комплетно раскопаат улицата, ако немаат испланирано буџет да ја финализираат?!

Па затоа апелираме за помош до Вас ценети медиуми, бидејќи на сите наши прашања и барања останавме без одговор од Општина Кисела Вода. Повеќе пати досега беа пишувани дописи до општината и наидовме на игнорантен однос. Ниту еднаш не не удостоија со одговор.

dav

Искрено се надеваме дека ова крајно непрофесионално и неодговорно (не)работење на Општина Кисела Вода ќе побуди интерес кај вас, за побрзо да се реши овој проблем, велат жителите на улицата „Лазар Димитров“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.