По повод отпочнувањето на кампањата за престојните локални избори, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата, Душко Весковски, на брифинг со новинарите информираше за својата предизборна програма.
На средбата, Весковски претстави 33 поенти од програмата
1. Нов голем зелен парк – Карпош 4
2. Зголемување на енергетската ефикасност и намалување на загаденоста
3. Високо ниво на комунална хигиена
4. Одржување и зголемување на зелените површини
5. Заштита на природните водени ресурси
6. Изградба на две нови градинки и реконструкција на постојните капацитети
7. Детска заштита, образование и култура
8. Зголемена соработка со бизнис секторот
9. Економски развој на Карпош
10. Планска хуманана урбанизација кон Злокуќани и Бардовци
11. Инфраструктурни проекти
12. Вертикална и хоризонтална сигнализација
13. Нови велосипедски патеки
14. Обнова на урбаната опрема
15. Карпош ФИТ – програма
16. Здрави млади, здрава иднина
17. „Паметна општина“
18. Дигитализација и зголемена оперативна ефикасност
19. СЕКОЈ Е ВАЖЕН
20. Подобрување на односите меѓу заедниците
21. Изградба на катна гаража околу ТЦ Лептокарија
23.Решение за проблемот со паркирањето
22. Младински центар во Општина Карпош
23. Поддршка на младите и културен развој
24. Отворање на Канцеларија за млади
25. Поддршка на младите и културен развој
26. Субвенционирање на еколошки превоз за млади
27. Заштита на животната средина и здрав живот
28. Заштита на социјално загрозени лица
29. Совет за социјална заштита и висок степен на инклузија
30. Формирање Совет на жени
31. Поголема имплементација на концептот за родова еднаквост
32. Форум за редовна комуникација со пензионерите
33. Поддршка на културните и просветните работници
Весковски најави дека воден од мотото на кампањата „Најдоброто за Карпош“ ќе води позитивна кампања, со почит и разбирање за потребите на граѓаните и на сите настапи со своите противкандидати ќе води транспарентна дискусија и претставување на својата програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.