Среде плоштад наместо фонтана отворен кратер. И по две недели откако пропадна возилото на јавното претпријатие Комунална Хигиена во подната фонтана, штетата не е санирана. Отворот во фонтаната е заштитен само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите.

Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно и на поправката.

Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.

Инаку не е прв пат возило да пропадне во подната фонтана на градскиот плоштад. Пред речиси 4 години пропадна камион додека се подготвуваше бина. Вината беше лоцирана кај возачот на камионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.