Предизборната кампања ДУИ ја продолжи во Бутел и Шуто Оризари. Носителката на листата на кандидати за советници во Ш.Оризари, Имране Рамадани рече дека бараат поддршка од граѓаните за да продолжат со реализација на проектите.
Првиот човек на ДУИ, пак, Али Ахмети, порача дека сака достоинствена и фер кампања. Сингелиќ и Арачиново се следните кои ќе ја слушнат програмата на интегративците.
„И ромската заедница угнетена, занемарена, лошо третирана, треба да биде еднаква и достоинствена како и сите други, бидејќи и вие сте уставна категорија и треба да бидете третирани подеднакво“, истакна Али Ахмети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.