Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое група луѓе во центарот на Скопје се жртви на расистички напад. Сторителот брутално ги навредува како оправдување за својот расизам користејќи ја епидемијата со корона вирусот. Граѓаните згрозени бараа да се пронајде и казни сторителот, а актот беше јавно осуден и од градоначалникот Петре Шилегов.
Но, за да биде резилот поголем, луѓето кои вчера беа навредувани на кејот на Вардар со погрдни зборови поради корона вирусот, биле претставници на невладина организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light“ при Обединетите Нации кои биле во работна посета во Македонија. Тие држеле работилница со деца од основно училиште во Свети Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.