Првата детска амбасада Меѓаши бара брза истрага за тоа што се случувало во извидничкиот кампњ „Секс, скаутс и рок енд рол“. Првиот човек на Меѓаши, Драги Змијанац во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител рече дека клучно е да се открие дали организираниот настан излегол од контрола или тоа било однапред предвидено и објавено во програмата.
-Знаеме што е да се биде извидник и да се учествува на извиднички камп. Да се ориентираш во време, простор, да преживееш, да поставиш шатор, кампување во природа, да се јакне психо-физичкото здравје, социјализација, но ова навистина е загрижувачки ако навистина се случило. Но, верувам дека очекувале оти ова што им се случило на децата е возможно. Дали излегло од контрола или било по план и програма треба Јавното обвинителство да истражи. Ако треба и кривична одговорност да се побара. Нема амнестирање од одговорноста ако ова се случило, рече Драги Змијанац.
Рече дека доколку случувањата не биле претходно најавени, тогаш организаторите треба да одговараат. Ги посоветува родителите пред да дозволат учество на нивните деца, добро да се информираат за агендата.
Од Првиот скопски извиднички одред преку соопштение до јавноста претходно истакнаа дека многу делови од игрите биле погрешно протолкувани.
–Настанот е наменет за категоријата постари извидници (постари малолетници над 16 години). На овој настан учестуваа 32 учесници доборволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери од ПСИО. Акцијата се креира од млади за млади и се одржуваше во безбеден простор, во забавна и младинска атмосфера, и секој учесник имаше можност да пријави доколку се почувствува непријатно, велат оттаму
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.