Доволно е некоја недела да не си во Скопје, се враќаш и се потсетуваш колку е прљаво, несредено, руинирано, ѓубре насекаде, евтина урбана опрема која се претворила во ново ѓубре, значи општ хаос, нехигиена и негрижа, вели активистот Ивор Мицковски.
Не ни навлагам колку овој град нема содржини, нема независен живот и култура, нема знаци на слободно претприемништво и некаков напредок, освен кафиќи и понекое место за јадење. Толку, тука се завршува.
Општа депресија и за младо и за старо. Дури и она што природата ни го дала, го имаме упропастено за профитот на малкумина.
И на таа состојба нашиве партиски куртони се фалат и зборат за некакви визии за градот.
Скопје е најупропастен, нај(за)гаден и најзапуштен град во регионот и пошироко.
Ова е срамота за која било власт, за сите подеднакво, навреда и понижување е за граѓаните кои живеат тука, брука е за кој било гостин што ќе дојде.
Невозможно е до тој степен некој да е волку неспособен, ова мора да е намерно.
Да не збориме за криминалот кој го спроведуваат, они не се способни основните комунални обврски да си ги завршат.
Тоа значи дека локалната власт им служи само и единствено за криминал и партиско одржување на клиентелата, реагира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.