Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изрази згрозеност од, како што велат, популизмот и голото политиканство на Петре Шилегов.
Тој од обично монтирање на болнички шатори прави фама и нема ден, а да не се слика пред еден од нив. Па, така правеше пи-ар кога кажа дека ќе се рушат бараките до Инфективната клиника, потоа правеше пи-ар кога го израмнија платото од дури половина квадратен километар, па потоа прави пи-ар кога ги поставија шаторите од привремената болница која патем е донација добиена во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога снегот ги сруши шаторите од болницата прескокна со пи-ар неколку дена, за да овие денови повторно се наврати на истата тема, промовирајќи шатор по шатор. И додека Петре е фрлен на пи-ар Скопје е фрлено на милост и немилост на пандемијата со корона и е со најголем број заразени, велат од Советничката група.
И дека позерот Шилегов прави пи-ар од шатори потенцијалната бомба е во гужвата во автобусите на ЈСП. Премногу е, додаваат.
Ако поради состојбата не ги коментираме детските игри на Шилегов, и се воздржуваме од критика, тоа не значи дека Шилегов може да ја навредува интелигенцијата на скопјани. Доста е позирање пред болничките шатори, Шилегов да се фати за суштинска работа, гужвата во јавниот превоз кој е потенцијална бомба за ширење на заразата. Тоа останува нерешлива енигма на градскиот татко кој е посветен на популизам а не ги решава потенцијалните жаришта кои се во негова надлежност. Доста позирање фати се за суштинска работа, му порачаа од Советничка група на Град Скопје на Шилегов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.