Поранешната европратеничка Дорис Пак му упати порака за поддршка на Тимчо Муцунски, кандидатот за градоначалник на Аеродром, предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Таа смета дека Муцунски е вистинската личност за таа позиција, дека може да имплементира свежи идеи и да ги охрабри другите, особено младите луѓе да се активираат во Скопје и државата.
-Ти посакувам многу добар резултат на изборите во недела, бидејќи ти можеш да направиш промена за подобро во Скопје. Со среќа и се најдобро – порача поранешната европратеничка.
Муцунски ја објави видео пораката на својот фејсбук профил со порака:
Многу ми значи поддршката од Дорис Пак. Благодарност за убавите зборови. Ве уверувам дека Аеродром ќе биде европска општина!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.