Саниран е оштетениот топловод и нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Кисела Вода, соопштија од БЕГ.
Екипите на БЕГ во најкраток можен рок ја завршија санацијата на топловодот кој беше оштетен од страна изведувачот на градежни активности за новопроектираната улица „Есенинова”. Од 16:30 часот нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите од населбата Кисела Вода, се вели во соопштението на БЕГ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.