Жителите на Скопје во речиси сите населби се жалат дека се шири непријатна миризба од контејнерите и дека со денови комуналните служби не доаѓаат да ги испразнат. Екипата на „Република“ денеска направи обиколка низ градот и можеше да забележи дека купишта ѓубре е расфрално наоколу бидејќи контејнерите се преполни со ѓубре од пред неколку денови. Не помогнале ни јавувањата кај надлежните дека иако е полициски час градските служби треба да си ја вршат работата.

Но наместо тоа, Министерството за информатичко општество, градоначалникот Шилегов, и „Комуналец“ си ја префрлаат топката. Според нив, никој не е виновен.

Од „Комуналец“ велат дека не можат да го собираат ѓубрето бидејќи претпријатието нема дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација да работи за време на полицискиот час, кога улиците се празни и многу поефикасно ќе ја завршат работата.

Но, од министерството на Дајман Манчевски пак се правдаат дека тие не се надлежни да му издаваат дозвола на „ЈП Комуналец“ да излезе на улици додека е забраната за движење.

Очекуваме и се надеваме дека направената грешка овој викенд брзо ќе биде поправена и дека нема да биде повторена-велат оттаму.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.