Два месеца поминаа, а градоначалниците на Ѓорче Петров и Скопје, Александар Наумовски и Петре Шилегов,како и Министерството за животна средина, останаа глуви на апелите од граѓаните да се превземе нешто околу дивата депонија кај Обиколницата, во близина на Волково.
Не само што не е расчистено, туку ѓубрето секој ден сè повеќе се трупа, и тоа не од несовесни граѓани или поединци, туку организирано и со камиони.
Депонијата се наоѓа на клучката каде жителите на Воклово се вклучуваат на обиколницата. Тие уште во зимата апелираа дека сметот се разнесува и низ Волково, со што се зарозува здравјето, пред сè на децата, но и на сите жители од овој дел. Летото доаѓа, како што се шири депонијата ќе се шират и смрдеа и зарази.
„Република“ веќе пишуваше дека граѓаните во март пријавија во Инспекторатот на Град Скопје, директно кај директорот Мирослав Богдановски.
Од таму испратија екипа од тројца инспектори кои дојдоа на 10 јануари. Фотографираа и тука заврши се. Не можеле ништо да направат. Ни рекоа сами да сме си нашле решение, не упарија во Сектор за Комунални работи. Тој сектор е под Град Скопје, како што е и инспекторатот, но нема интерес за решавање на проблемот, се пожалија тогаш граѓаните.
Но, не само што инспекторите само испарадираа околу депонијата, туку за неа нема ни предмет за да се реши. Во меѓувреме ѓубрето се слева и во Лепенец.
За алармантоста на состојбата со ѓубрето и депониите апелира и здружението „Рибар 2011“, концесионер на рибниот фонд на скопскиот дел од Вардар, Треска, Лепенец…
Ве молиме и апелираме до надлежните и до секој кој може да помогне, погледнете ги сликиве и преземете нешто, исчистете, казнувајте, поставете контејнери, правете тоа што треба да го правите…Ова веќе на ништо не личи, ќе се затрупаме во ѓубре, ќе фатиме болештини. Ова се слики на ѓубре поред и во Треска и Вардар. И не само што не се чисти туку и се фрла уште повеќе, велат рибарите.
За жителите на Ѓорче Петров ова не е прва борба против депонијата. Секоја сабота во текот на декември тие излегуваа да НЕ на загадувањето на воздухот и негрижата на институциите за животната средина.
Ова е „туморот” на општина Ѓорче Петров, местото од каде што „метастазира” загадувањето на целата општина. Може да се согледа дека со текот на годините констатно се зголемува, а во последните две години доживува кулуминација во целото постоење. Тоа се должи на фактот што рампите се кренати од двата влеза (од кај Ново Село и од кај н. Даме Груев) и што чуварската служба е елиминирана, апелираа ѓорчепетровци за депонијата кај Ново Село.
Граѓаните уште еднаш апелираат и ги повикуваат Комунална хигиена Скопје, Општина Ѓорче Петров, Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Инспекторатот на град Скопје, инспекциски служби, секој што може да помогне, да се стави крај на уништувањето и да се сопре полнењето на дивата депонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.