До темел изгоре куќата на семејството Атанасовски во скопска Кисела Вода. Информацијата вечерва ја објави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски.
Траорна ситуација, тажна и далеку потресна. Во наредниот период сите хумани сили ги насочуваме кон негова помош. Повторно да изградиме дом за Тони – напиша Ѓорѓиевски на ФБ.
Заедно со отец Оливер започнуваат иницијатива за да му се помогне на семејството Атанасовски.
Ја разбирам неговата болка и затоа започнуваме заедничка иницијатива со отец Оливер, a воедно ги повикуваме и сите општествено одговорни компании и фирми од Кисела Вода да се вклучат и да помогнат, за да овој наш сограѓанин не ја почувствува празнината за овие празници, туку да му помогнеме и да го направиме среќен. Вечерва не го оставивме под отворено небо и веднаш го сместивме на топло. Моите граѓани во Кисела Вода се мое семејство и мораме да си помогнеме! Домот е столб на хармонија и среќа, така да ќе го изградиме повторно – напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.