Жителите на Сопиште вечерва не можат да си дојдат дома. Патот до Сопиште е затворен за сообраќај поради снежните врнежи. Не им е дозволено да се движат нагоре. Дозволен е приод само до Припор, а накај Сопиште повеќе нема пристап поради тоа што патот нагоре не е исчистен од снежните врнежи и е непрооден за патнички моторни возила.

Жителите кои се вратиле оттаму, бараат роднини и пријатели во Скопје за да преноќат вечерва кај нив бидејќи не можат да си дојдат дома.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.