Граѓани на општина Бутел реагираат дека преку ноќникнуваат куќи за кои, како што велат, веројатно нема дозвола за градење. На фејсбук страницата „Го сакам Бутел“ тие бараат одговори од градоначалникот на оваа општина. Прашуваат дали има некаков ред и дали  во општината има граѓани за кои не важат стандардните урбанистички правила.

ВНИМАНИЕ ❗️ ❗️ ❗️
Реагираме по барање на голем број загрижени граѓани.
Што се случува во Општина Бутел, имаме ли градоначалник, правила и сектор за урбанизам ❗️❓
Веднаш над населеното место Љуботенски Пат, од десната страна на улицата Андре Мазон, наеднаш или народски речено преку ноќ никнаа петнаесетина куќи за кои многу веројатно нема никаква издадена дозвола од страна на општинските власти.
Го повикуваме градоначалникот Велимир Смилевски веднаш да одговори на неколку загрижувачки прашања:
1.Има ли некаков ред во нашата Општина?
2.Дали посочените куќи имаа дозволи за градби, и ако имаат веднаш да бидат покажани на граѓаните!?
3.Дали во нашата Општина има граѓани за кои не важат стандардните урбанистички правила, дали овие граѓани можат да прават буквално се што сакаат и зошто е тоа така?
Најголемиот дел граѓани кои ни се обратија за овој загрижувачки проблем, бараат Велимир Смилевски веднаш тој лично да излезе на терен и да реагира, да постапи согласно закон, во спротивно ќе има масовна и директна реакција од страна на граѓаните на Општина Бутел!
Редакцијата Го Сакам Бутел како збир на голем број граѓани на Општина Бутел алармира дека ова не е единствен проблем од овој карактер во нашата Општина Бутел, ова што се случува во областа на урбанизмот во нашата Општина е навистина алармантно и се ќе излезе на виделина! – стои во објавата на фејсбук страницата.

ВНИМАНИЕ ❗️ ❗️ ❗️

Реагираме по барање на голем број загрижени граѓани.

Што се случува во Општина Бутел, имаме ли…

Posted by Го сакам Бутел on Sunday, 29 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.