Празните зборови се одлика на Шилегов, од се што до сега кажа и вети видовме спротивни дејствија, рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Случајот со дивоградбата кај „Мавровка“ со месеци ја брануваше јавноста, особено по изјавите од надлежните институции дека не можат да го откријат инвеститорот на објектот. Објектот прво стана „државен проблем“ за потоа да стане „симбол за решеноста“ (на тогаш новата влада) која наводно ќе се бори против криминалот. Денес, е доказ дека институциите се окупирани и во оваа држава правото не важи еднакво за сите. Денес, можеме да заклучиме дека Шилегов го дефинираат ваквите дела кои јасно ја покажуваат неговата неискреност кон скопјани, посочи Митева.
Во едноминутно видео, вели таа, се гледа лага, манипулација и самоволие кое го употребуваат СДСМ и ДУИ.
Така е Петре, убаво кажано. Токму на ваквите (за тебе ситни) примери граѓаните можат да се уверат во вашата решеност, и на СДСМ и на ДУИ, дека правна држава со вас не може никогаш да има. За ситни популистички поени неколку дена после формирањето на Владата правевте драма пред локалот во ТЦ Мавровка, за сега да има нов објект, кој никна како феникс од пепелта и во кој се прави пречек на партиски функционери.
Сите институции, општината, Шилегов и Заев тогаш ја убедуваа јавноста дека не знаат кој гради без дозвола кај ТЦ Мавровка. Па, во “потрагата“ тогаш се вклучи и Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје. Јавноста многу добро ги памети овие игри на СДСМ чија цел е да ја скријат реалноста. На изборите во октомври ќе можеме да ставиме крај на ваквиот начин на владеење. Да ставиме крај на градежното дивеење. Да избереме чесни луѓе кои стојат зад своите зборови и ветувања, посочи Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.