Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со цел збогатување на празничната магија и повеќе насмеани детски лица, денес директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински ги посети дечињата згрижени во СОС Детско село.

Во текот на посетата им се поделија скромни подароци, а се оствари и средба со Националниот координатор, Јулијана Накова Гапо, на која се потврди успешната соработка меѓу ЈП Водовод и канализација – Скопје и СОС Детско село, како и нејзиното продолжување во иднина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.