Oтпадот кој денеска истече во ОХИС е веќе собран, нема опасност и нема повредени, рече во изјава за ТВ „24“ Владо Момировски, директорот на „Еко центар 97“, фирмата која го врши препакувањето на истискиот хемиски отпад.
Не е опасно, нема повредени. Заврши сè, сè е собрано во буриња, специјални буриња, спремни за извоз. Вентилот е поправен, еве моите вработени веќе се повлекоа, сè е завршено. Истече вода со која се перела цистерна, во која имало мали делови од хемикалијата, значи не самата хемикалија. А водата не може да истече надвор, туку во заштитниот бетонски базен, рече Момировски за ТВ „24“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.