И покрај блокадите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, овие четири години инвестиравме во секое населено место во општината, направивме огромна разлика, покажавме како се работи чесно и посветено, порача вечерва носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата, Александар Димитријевиќ во Гази Баба.
Листата која јас ја водам има имиња на ваши соседи и пријатели, кој сите овие години се бореле и дале се од себе Гази Баба да биде подобро место за живеење. Пред вас стојам и ја барам поддршката за мнозинство во Советот. Поддршка за да имаме функционален Совет, кој води напред, а не враќа назад. Совет кој носи развој, а не Совет кој назадува.
Совет кој работи во интерес на граѓаните, а не на партијата. Совет поддршка за Борче, но и реален критичар и коректив на градоначалникот, истакна Димитријевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.