На местото на поранешниот студентски дом „Медицинар“, во близина на Инфективната клиника, при крај е поставувањето на полската болница, која треба да го надополни капацитетот за справувањето со коронавирусот.
Поранешниот претседател на техничката влада, Емил Димитриев, на „Фејсбук“ потсети дека станува збор за донација обезбедена во 2012 година, за која владата на ВМРО-ДПМНЕ беше доста критикувана.
Полската болница Roll 2, со ниво на опременост за хируршки интервенции, од утре во употреба за медицинска заштита на граѓаните на Македонија. Ја обезбедивме како донација во 2012 год. од Кралството Норвешка со вредност од 2 милиони евра. Дел од оние што денес се гордеат со неа, тогаш критикуваа дека за нашата земја финансиски е неодржлив овој ресурс. Добро е што ја имаме, што помалку да се користи, порача Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.