Тимур Дибиров беше емотивен на сцената на плоштадот „Македонија“ и им се обрати на присутните велејќи дека се чувствува како Македонец.

Дибиров призна дека не очекувал вака да се чувствува повторно, откако пред две години ја освоија титулата, а на крај рече – сите сме Македонци.
Пред две години на оваа сцена Иван Чупиќ рече, цел живот сум Хрват, но денес се чувствувам како Македонец. Така и ние,Столе, ти си наша икона. Ако овој е ’играч со број 5’, тогаш јас сум играч со број 31, сите овде се чувствуваме како Македонци. Пред две години не мислев дека ова ќе го доживеам уште еднаш. Фала ви Македонци, денеска ние сме сите Македонци!“, викна левото крило на Вардар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.