За време на полицискиот час викендов активно работеа комуналните служби на Општина Карпош кои миеја и дезинфицираа улици во урбаните заедници „Владо Тасевски“ (Млечен), Карпош 1 и Карпош 2.

Интензивно работеа двете цистерни на локалната самоуправа, со кои во изминатиот период се дезинфицираа голем број јавни површини – локални улици, плоштади, платоа, фреквентни места, соопштија од Општината.

Градоначалникот Стефан Богоев, кој го предводи и Општинскиот кризен штаб, во текот на викендот, направи обиколка низ населбите во Карпош, Пожарната бригада и маалските дежурни продавници. Воочливо е дека граѓаните го почитуваат полицискиот час, а субјектите кои имаат дозвола за достава на храна и лекови работат по претходни нарачки од страна на граѓаните, соопшти Општина Карпош, која ги повикува сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.