Возрасни, хендикепирани, болни лица од ланскиот септември не се во можност да излезат од дома бидејќи живеат на погорните катови во станбена зграда каде лифтот е надвор од функција, објави Сител.
На 9 септември во зградата на ул. Пушкинова во Кисела Вода се случила трагедија во која настрадал работник. Тoј паднал од 6 кат во окното на лифтот каде што се движи кабината. Од тогаш лифтот е запечатен поради увид од Oбвинителството и до денешен ден не е во функција. Заедницата на станари испратиле ургенција за предметот на 18 јануари оваа година, но се уште не било ништо преземено.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.