Нечистотијата е еден од најголемите проблеми, нешто на што скопјани дневно се жалат и тоа мора да се реши како проблем, рече Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, на вечерашното гостување на телевизија 24 во емисијата Анализа.

Според неа јавното претпријатие кое се занимава со тоа, може да го направи.

„Тоа го направи пред избори, значи дека можело да се направи, ама не се сакало. Треба добро менаџирање“, вели таа.

Арсовска посочи дека живееме во град во кој надлежните се фалат дека ги исчистиле дивите депонии, а не е така, живееме во нечисто Скопје.

„Диви депонии детектирав над 100-тина и се обрврзав дека ќе ги исчистиме во првите 82 дена. Сите заслужуваме да живееме во почист град, поубав град, позелен“, кажа Арсовска.

Според неа потребно е примена на законот и зајакнување на инспекциските служби од оваа област.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.