Стручни екипи дератизираа 630 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден, а дезинфицираа и 3.300 метри квадратни јавни објекти.
Дератизацијата и дезинфекцијата се спроведуваат во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и инфекции, стои во соопштението на општина Илинден.
Оттаму наведуваат дека и во наредниот период ќе се продолжи со примена на сите потребни мерки за заштита на населението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.