Денеска, на 24 јули од 9:00 до 14:00 часот во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден ќе се одржи традиционалната крводарителска акција, што се организира секоја година во рамките на одбележувањето на патрониот празник на општината „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Во акцијата што се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, кои преку дарувањето на крв ќе ја покажат својата хуманост и солидарност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.