Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски по повод денешниот ден 13 ноември се потсетува на еден од најзначајните симболи на Скопје- зградата на Собранието.Според него,
Денеска, кога се одбележува Денот на ослободувањето на Скопје, овој објект е симбол на киднапираната демократија во Македонија. Ова е зграда во која што се заклучуваат пратеници, ова е зграда во којашто се тргува со правдата, се носат одлуки спротивни на јасно изразената волја на граѓаните, не се почитуваат референдуми, ова е зграда претворена во пазар за глас, зграда во којашто им се забранува на избраниците да дојдат и да работат во интерес на народот.
Скопје денес повторно е ослободено од канџите на еден криминоген режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.