Жителите на Општина Ѓорче Петров денеска повторно ќе излезат на протест. Овојпат, тие нема да протестираат против урбаната мафија, како што тоа го сторија пред некој ден, туку ќе го искажат својот револт против дивеењето и трките на улицата „Борис Сарафов“.

Според објавата на Фејсбук, протестот е закажан за денеска во 16:00 часот на улицата „Борис Сарафов“.

Протестот најавен за во петок во 16 часот на улицата Борис Сарафов е пријавен во полиција. За првиот протест најавено е двочасовно блокирање на сообраќајот. Доколку нашите барања не се исполнат во најбрз можен рок, протестите ќе продолжат со 24 часовно блокирање на улицата сè додека не се реши проблемот со дивеењето и брзото возење. Напомена за присутните, да се држиме до мерките и протоколите со цел да се заштитиме себеси и останатите, наведено е во објавата на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.