Цвеќарите на Цветниот пазар во Капиштец, денеска во 12 часот ќе протестираат. Како што дознаваме, на закупците на 16. цвеќарници им истекуваат договорите и како што велат, им било речено дека за да и натаму останат закупци ќе мораат да се пријават за јавно наддавање.
Шеснаесетте куќарки беа свечено пуштени во употреба на 25 октомври 2011 година. Нивната изградба чинеше околу 3 милиони денари, износ што беше финансиран од закупците, што се одбиваше неколку години од закупнината што ја плаќаа за наем на просторот што го користат.
Со Цветниот пазар стопанисува јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.