Годинашната акција „Плати со поезија“ на брендот на кафето „Јулиус Меин“ денеска, по повод Светскиот ден на поезијата, 21 март, ќе се одржува на осум локации во Скопје. Кампањата во која секој што ќе напише стихови за возврат добива кафе оваа година ќе се одржува во 40 земји.
За разлика од минатите, оваа година сите што ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Меин. Само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1 јуни 2019 година.
– Сѐ што треба да се направи е да се напише поема или песна, да се слика и да се постави на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem – наведува организаторот.Осумте угостителски локали во Скопје во кои заинтересираните може да платат кафе со поезија годинава се: „Ревија“, „Паладиум“, „Фонтана“, „Дион“, „Центар-бар“, „Бекјард“, „Ла кафе“ и „Сквер 21“. Тие ќе имаат можност и за средба со млади македонски поети и писатели, кои ќе им помогнат на стихотворците да ја пронајдат, како што наведува организаторот, „внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.