Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“ денеска во салата за состаноци на Советот на Општина Центар ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2022.
Kако што најавија од Здружението, тоа ќе биде и можност за запознавање со членовите на Одборот, кои ги прават завршните подготовки за 30-тата средба на 6 јануари 2022 година на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.