Денеска во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со т.н. брзи серумски тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни.
Претходно, за четири дена, од 28 до 31 март, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Во првите четири дена само 20 отсто од тестираните биле со зголемена температура и со симптоми за инфекција.
Денешниот извештај покажува значително зголемување на процентот на позитивни резултати. Позитивните пациенти се проследуваат во Институтот за јавно здравје да побараат дополнителна проверка со молекуларни тестови, доколку сакаат.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави 50.000 серумски рапид тестови за брзо детектирање на антителата ИгМ-ИгГ, кои можат ефикасно да детектираат присуство на вирусната инфекција или претходен контакт со вирусната инфекција преку имунолошкиот статус на телото. Тестирањето се врши со земање крв, а процесот трае не подолго од 10 минути.
Угледниот епидемиолог д-р Драган Даниловски побара државата да обезбеди 400.000 брзи тестови, со цел да се омасови тестирањето за присуство на вирусот Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.