Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 2, Ерџан Демир, на својот фејсбук-профил објави фотографии за кои тврди дека докажуваат како неговиот против-кандидат за пратеник од СДСМ, Асан Ферат од истата изборна се обидува да ги разубеди и придобие гласачите.
Демир порачува дека за асфалтирање на улиците во Шуто Оризари веќе е доцна, бидеќи во последните три години ништо не се променило.
Нема крај на лудилото на СДСМ во Шуто Оризари, денес нивниот кандидат за пратеник Асан Ферат со неколку колички асфалт сака да ги придобие граѓаните за улица која што требаше да биде целосно асфалтирана после локалните избори 2017. Доцна е сега ,МОЖЕВТЕ ама не сте направиле, народот не ве сака, ништо не направивте во последните 3 години во мојата општина зарем мислите со крпеници ќе го разубедите народот, жителите ве прочитаа, провидни сте. За пуста власт ги крпите улиците ама нема да ви помине, ВМРО ДПМНЕ заедно со народот на 15 јули ќе ви го зададе најголемиот пораз, напиша Демир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.