При изведба на градежни активности на новопроектираната улица “Есенинова“, изведувачот на улицата оштетил дел од топловодната мрежа со која со топлинска енергија се снабдуваат потрошувачите на населбата Кисела Вода.

Екипите на БЕГ излегоа на лице место и интензивно работат на санација на оштетениот топловод.

Се очекува оштетувањето на топловодната мрежа да биде санирано за неколку часа, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонскиот број: (02) 3076 200



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.