Граѓанската организација Бошњачки национален совет на Република Македонија информира дека в четвротк ќе ја организира манифестацијатата Марш на мирот во знак на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Во првиот дел од програмата е организиран марш на 11.07. со почеток од 18.30 часот од Веро – Чаир до плоштад Македонија, а во вториот дел е организирана пригодена културна програма на плоштадот Македонија од 19:00 – 19:30 часот.
Од организацијата ги повикуваат сите заинтересирани да им се придружат во заедничкото сеќавање на трагедијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.