ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека дефектот на бул. Кочо Рацин, спроти Олимписки базен, за чие отстранување се затвори цевка од ф1400мм е саниран и граѓаните ќе добијат нормализирано водоснабдување до полноќ.

Ваквите дефекти се навистина многу ретки, а кога ќе се случат, неминовно е еден поголем дел од граѓаните да имаат прекинато водоснабдување. Во овој случај за отстранување на дефектот беше потребно да се затвори цевка со дијаметар ф1400мм, а со тоа и повеќе населби останаа без вода. Екипите работеа непрекинато со целиот капацитет и сите расположливи ресурси и за многу краток временски период го отстранија дефектот. Имајќи го предвид фактот дека станува збор за голема цевка која е под силен притисок, водата ќе се пушта постепено и до полноќ се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во сите делови и кај сите корисници. Упатувам голема благодарност до тимот на ЈП Водовод и канализација и до сите граѓани кои имаа трпение и разбирање за оваа ситуација“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.