Во касарната „Страшо Пинџур” утре ќе биде реализирана традиционалната предновогодишна активност „Пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер”, што е организирана од страна на воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија.

На церемонијата Дедо Мраз ќе подели новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на воздухопловната бригада, како и на деца на припадници од бригадата и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.