Денеска во Општина Бутел, од страна на Општинската изборна комисија, му беше доделено уверението на Дарко Костовски, новиот градоначалник на општината.
При доделувањето градоначалникот Костовски истакна дека од денес е во служба на граѓаните и дека сите заеднички ќе зачекориме кон модерна, безбедна и просперитена Општина Бутел.
Уверенија им беа доделени и на новоизбраните советници каде мнозинството од десет советници го има ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, беше направено и примопредавање на функцијата, откако досегашниот градоначалник го пречека новоизбраниот Дарко Костовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.