Новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска го раскинала договорот за новогодишно украсување на Скопје, дознава „Фокус“.

За ова се очекуваат повеќе детали на најавената прес-конференција во 13:30 часот, за која во соопштението испратено до медиумите пишува дека е итна.

Договорот што ексградоначалникот Петре Шилегов го потпишал со фирмата „Линк медиа плус“, предвидува украсувањето да чини 243.000 евра.

Украсување предвидува поставување централна новогодишна елка на Плоштадот Македонија и украсување на неколку други локации и улици. Украсувањето треба да е во духот на модерното време и живеење, со високи естетски, уметнички и ликовни ефекти, запазувајќи при тоа унифициран концепт на целиот простор. Новогодишното украсувањето треба да биде завршено до 20 ноември“, стои во договорот објавен на страната на Бирото за јавни набавки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.