Според информации на „Република“, скопскиот градоначалник Петре Шилегов годишниот одмор го поминал со семејството, во Хрватска. Како што дознаваме, тој бил во Ровињ, во хотелот „Монте Мулини“, кој важи за еден од најлуксузните на хрватската ривиера. Едноставно пребарување на „Booking.com“ покажува дека шест ноќевања во август во овој хотел чинат 12.351 евра.

Од Град Скопје нема одговор на нашите прашања дали скопскиот градоначалник во моментот го користи годишниот одмор. „Република“ испрати прашања во Град Скопје во екот на пожарите, кога скопските пожарникари се бореа со огнените јазици каде е и дали Шилегов го користи годишниот одмор, но оттаму одговор не стигна.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.