Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на  која  ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари? Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат“ – посочуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.