Една колешка завчера ми вика: „Ќе загинев од кучиња скитници!“. Возела со својот велосипед по булевар, кога чопор кучиња и се пуштиле. Таа се исплашила и за малку фалело да падне на булеварот и да ја изгази кола, пишува Ана Анастасовска во колумна за Независен.
Вчера еден колега ми напиша порака дека подоцна ќе дојде на работа, бидејќи со велосипедот поминувал на плоштад каде го нападнал чопор кучиња скитници, а едно од нив го искасало за ногата. Раната му беше страшна.
Вчера, исто, една колешка ме информира дека претходниот ден нејзиниот син со велосипед поминувал кај Жена парк каде го нападнале кучиња скитници. Веднаш заминал во Градска болница која е во близина.
Законот дозволува, оној кој е нападнат од куче скитник да го тужи Градот и да добие отштета. А што е виновен Градот што го водат неспособни градоначалници? Зошто да се тужи Градот и граѓаните да плаќаат отштети? Зошто да не се тужи лично градоначалникот, па тој да плати за својата неспособност да се справи со проблемите за кои е изгласан?
Да се удри Шилегов по џебот за секој напад од куче, па да видиме дали ќе си свирка и понатаму, или ќе ги засука ракавите. Скопје не е криво за тоа што го водат себични луѓе кои мислат само на себе, а не и на имиџот на градот и на доброто на граѓаните, додава Анастасовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.